ВИДЕО – Земјоделците од прилепско поднесоа 1.315 барања за обештетување од невремето

До комисијата за елементарни непогоди при Општина Прилеп, заклучно со 3 август биле поднесени 1.315 барања за обештетување од страна на земјоделците чии посеви пред 2 недели беа скоро целосно уништени во невремето кое го зафати реонот на селата Мало и Големо Коњари. Комисијата сега во рок од 30 дена треба да направи проценка на штетата и записници.

 

 

„Се прави елаборат и вкупен збир на штетите за да се достави што е можно побрзо во законскиот рок до Советот на Општина Прилеп, да можат што е можно побрзо да бидат обештетени земјоделците“, Жарко Северкоски, претседател на комисијата за елементарни непогоди при Општина Прилеп.

 

Барање за обештетување ќе било испратени и до Второстепената Комисијата при Владата.

 

„Советот на Општина Прилеп во рамките на можностите и во рамките на кондицијата на буџетот на Општина Прилеп ќе оддели средства после изготвувањето на овој елаборат“, истакна Миле Талевски, претседател на Совет на Општина Прилеп.

 

Земјоделците велат дека претрпеле огромни штети, скоро целиот род им е уништен и бараат поголемо обештетување, а не минимално. Дел се и скептици дека воопшто ќе добијат обештетување.

 

„90% е уништено. Јас изгубив околу 10.000 евра, планирав да предадам околу 2,5 тони на тутун. Поднесов барање за обештетување, но очекувањата се многу мали, досега кога не се добило ништо така и од сега“, рече Софроније Мишески, земјоделец од Мало Коњари.

 

„Од невреме јас обештетување досега не сум добил. Еве и пред 2 години имаше последно големо невреме, не добивме ништо. Сега незнам, се надеваме“, кажа Љубен Мишески, земјоделец од Мало Коњари.

 

Колкаво ќе биде обештетувањето за земјоделците ќе се знае после 1 месец.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien