ВИДЕО – Прилепчани восхитени од уникатните традиционални унгарски игри и песни

Со традиционални унгарски ора, игри и песни вечерва на просторот околу Градскиот Саат во Прилеп се одржа т.н. Унгарска вечер, на која настапија оркестарот „Фокош“ и ГФ „Селенце“. Вечерта ја реализира ЦК „Марко Цепенков“ во соработка со Здружението на Унгарци Телехаз и Амбасадата на Унгарија во РМ. Публиката беше восхитена од интересните унгарски игри.

 

Фолклорната група „Селенце“  е основана во 1994 година како дел од Културното Друштво Шандор Петефи од Бечеј, Војводина. „Селенце“ спаѓа во елитното друштво на фолклорните групи и редовно учествува на најзначајните смотри и натпревари во Војводина, каде редовно се вклучени во гала претставите. Покрај голем број на други награди до сега шест пати е прогласена за „Извонреден национален ансамбл“, а во 2017 градот Бечеј ги одликувал со највисоко општинско одликување.

 

Оркестарот „Фокош“ потекнува од Бечеј, Војводина. Формиран е во 2009 година, како оркестар Чикош, а во 2010 година го добива сегашното име. Исклучително ја свири унгарската народна музика од Војводина.

 

Уживајте во 15 минутното видео од овие несекојдневни изведби !

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien