За половина денар поскапува Еуросупер БС-95

Бензинот Еуросупер БС-95 од полноќ поскапува за половина денар, додека малопродажната цена на Еуросупер БС-98, на Еуродизелот и на Екстра лесното масло за домаќинство останува непроменета.

 

Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на Еуросупер БС-9 ќе изнесува 71,50 денари за литар. Цената на Еуросупер БС-98 останува 73 денари, на Еуродизелот 62,50, а на Екстра лесното масло за домаќинство 51,50 денари.

 

Согласно одлуката, се намалува цената на мазутот и ќе изнесува 33,65 денари за килограм.

 

Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар изнесуваше 73, 86 долари за барел, а курсот на денарот во однос на доларот изнесуваше 52,43 денари за долар.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien