Повеќе јавни чешми во Прилепско со неисправна вода за пиење

Не е исправна водата за пиење од чешмите во населените места во Прилепско: Тројкрсти, Чепигово, Загорани, Веселчани, Канатларци, Алинци, Ерековци и Лагово. Водата од овие чешми според Центарот за јавно здравје не смее да се користи за пиење, без да се преврие најмалку 10 минути.

 

Овие се препораките на медицинските стручњаци од Центарот за јавно здравје од Прилеп, по редовните анализи на квалитетот на водата за пиење од јавните чешми во населени места, каде што нема водоводи, a коишто се во ингеренции на ЈКП „Водовод и канализација“.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien