Хирошима денеска одбележува 73 години од атомското бомбардирање

Хирошима денеска одбележува 73 години од нападот на САД со атомска бомба во кој загинаа 140.000 луѓе .

 

Бомбардерот „Б-29“ наречен „Енола Геј“ на 6-ти август 1945-та година во 8:15 часот по локално време, од висина од околу 9,600 метри ја фрли бомбата наречена „Малото момче“ која што после 43 секунди експлодирала на 600 метри над тлото. Се проценува дека температурата во средиштето на експлозијата достигнала од 3 до 4 илјади Целзиусови степени, па луѓето кои што биле точно под бомбата на отворено, практично во дел од секундата испариле.

 

Сите кои што биле во радиус од 500 метри буквално биле збришани од лицето на Земјата, а разорната бомба уништила 90% од градот. Додека пламените голтале се пред себе, 45 минути по експлозијата над градот почнал да паѓа „црн дожд“ од радиоактивни честички.

 

Јапонските власти повикаа на итна елиминација на нуклеарното оружје, и тоа во време кога светот се надева на целосна денуклеаризација на Северна Кореја. Градоначалникот на Хирошима Казуми Мацуи предупреди дека повторно се засилени тензиите околу нуклеарното наоружување и ги повика глобалните лидери на рационални потези. Во своето обраќање по повод годишнината, ги опиша страотните сцени по силната експлозија на овој ден во 1945 година, како и агонијата преку која минаа жртвите.

 

На церемонијата присуствуваше и премиерот Шинзо Абе кој предупреди дека со несогласувањата меѓу нуклеарните и ненуклеарните држави се прошируваат, но вети дека ќе направи се за да се премости тој јаз.

 

Во нападот врз Хирошима загинаа 140.00 луѓе, а во бомбардирањето на Нагасаки три дена подоцна, повеќе од 70.000. Тоа предизвика Јапонија да се предаде, што значеше и крај на Втората светска војна.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien