По Мијалков, МВР му го укина обезбедувањето и на Никола Тодоров

По екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, МВР му го укина полициското обезбедување и на ексминистерот за здравство, Никола Тодоров, потврдуваат извори од Mинистерството.

 

Тодоров доби обезбедување откако беше нападнат пред министерската зграда од страна на дедото на малата Тамара, Љупчо Стојановски, кој пукаше во него. Ексминистерот користеше обезбедување нешто повеќе од една година. Безбедносната мерка за него стапи на сила во јуни 2017 година.

Последните два месецa се ревидираат безбедносните проценки за сите лица кои досега користеле полициско обезбедување. Најголем дел од поранешните функционери, кои биле опфатени со ревизијата, останале без обезбедување, бидејќи било оценето дека нема опасност зa нивните животи.

 

Поранешните функционери оваа привилегија ја добија во 2016 година кога беше направена измена на „Уредбата за личности и објекти што се обезбедуваат“. Со измената, екс функционерите наместо да имаат обезбедување „најмногу до една година“ по завршување на функцијата, добија можност да имаат телохранители на државна сметка „додека трае опасноста“ по нивните животи.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien