Уапсени седум македонски државјани осомничени дека се бореле во Сирија и Ирак

Министерството за внатрешни работи во текот на ноќта спроведе акција во која уапси седум лица на возраст од 23 до 47 години. Уапсените се осомничени дека како странски терористички борци, активно учествувале во војните во Сирија и Ирак.

 

 

Како што претходно соопшти полицијата Станува збор за македонските државјани С.Р. 1990, Џ.А. 1993, Б.Ф. 1994, О.Ж. 1987, Е.О 1994, И.Ш. 1977, А.М. 1995, , за кои претходно е распишана меѓународна потерница .

 

Нивните предмети ќе влезат во рамки на полициската акција „Ќелија 1“, која МВР ја започна пред три години, и „Ќелија 2“ од пред две години.

 

„Во рамки на глобалната коалиција за борба против тероризмот, Република Македонија продолжува и понатаму со континуирани активности во насока на детектирање, идентификување, неутрализирање и кривично гонење на странски терористички борци. Република Македонија како една од земјите коja ги прифати Резолуциите 2178 (2014) и 2396 (2017) на Советот за безбедност на Обединетите Нации, превзеде обврски за кривично гонење на своите државјани кои како странски терористички борци учествувале во кризните боишта во Сирија и Ирак и нивно враќање во матичната земја, почитувајќи го домашното и меѓународното право, како и основните човекови права и слободи. Оваа акција е уште еден показател дека институциите на Република Македонија имаат капацитет и кредибилитет да се справат со актуелните безбедносни предизвици и се сериозен партнер во Глобалната коалиција за борба против тероризмот.
Согласно Националните стратегии за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот, Република Македонија спроведува програми за дерадикализација на странските терористички борци во затворите, презема активности за зголемување на свесноста за ризикот и заканите од тероризмот и ги зајакнува механизмите за превенција од радикализација на локално ниво.“, пишува во соопштението на МВР.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien