Витаминка ќе го донира вишокот храна

Преку поддршка на проектот „Македонија без отпад – Мрежа за редистрибуција на вишок храна“ (Macedonia without Waste – Food Surplus Redistribution Network), Витаминка ќе го донира вишокот храна.

 

Со меморандумот за соработка потпишан меѓу Витаминка и носителот на проектот, Асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија“, целата храна што е безбедна за консумирање а е вишок од производството на компанијата, ќе биде дистрибуирана до здруженија и асоцијации кои понатаму ќе ја доставуваат храната до корисниците односно оние на кои им е потребна помош. Донираната храна е квалитетна со задржани нутритивни карактеристики и пред се безбедна за консумирање според постоечката регулатива за безбедност на храна на Република Македонија.

 

Целта на овој чекор и потпишаниот Меморандум е преку взаемна соработка, разбирање и помош, да се овозможи успешна имплементација на систем за донирање на вишокот храна. Витаминка ќе ја доставува храната соодветно стандардите и правилата за транспорт, а за што подобро и поефективно спроведување на планираните активности, Ајде Македонија има создадено и одржува веб – платформа која е наменета за поврзување на компанијата Витаминка со Граѓански организации кои понатаму ќе ја дистрибуираат храната до нивните корисници на помош.

 

Проектот воведува систем на современа и ефикасна постапка за поврзување на донаторите на вишок храна, компании и производители и граѓанските организации кои обезбедуваат храна на своите корисници на услуги. Создадениот синџир на соработка, обврски и комуникација ќе доведе до намалување на состојбата со недоволната исхранетост во државата, намалување на недостатокот од храна и рационална редистрибуција на храната. Ваквиот систем се покажа со позитивни резултати насекаде во светот каде што се користи и инспирира што повеќе компании да се вклучат во иницијативата.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien