Земјата е прегреана, стигнавме до критична точка од која нема враќање!

Задржувањето на температурата на 1,5 до 2°C над прединдустриските нивоа, што многу климатолози го сметаат за критичен праг, би можело да биде многу потешко отколку што досега се мислело.

 

Научна студија објавена деновиве предупредува дека целта која треба да се постигне за запирање на глобалното затоплување, зацртана со Парискиот климатски договор од 2015 година, нема да може да го запре домино ефектот и тоа ќе води до катастрофални сценарија за Земјата.

 

Во најновата студија која заеднички беше спроведена од Австралискиот национален универзитет, Универзитетот во Копенхаген и други институти се вели дека дури и ако целта биде исполнета, други процеси кои веќе се влошени од климатските промени може да ја зголемат температурата на Земјата за 4 до 5 степени, со што планетата ќе влезе во ефектот на „Стаклена градина“.

 

Станува збор за топењето на поларниот мраз и за метанот што се ослободува од дното на морето. Сето тоа со време ќе ја направи Земјата непогодна за живеење, а на краток рок, сцените како топлотните бранови што моментално ја зафатија Европа ќе станат многу почести. Реките ќе се изливаат, ураганите ќе пустошат, а нивото на морето ќе биде и 10 метри повисоко и сето тоа до крајот на овој век.

 

,, Сите овие настани може да доведат до нов начин на функциониррање на планетата Земја “, смета професорот Ханс Јоаким Шелнхубер, коавтор на студијата и директор на Институтот за истражување на климатските промени во Постдам.

 

Претходно, и Обединетите нации предупредија дека доброволното намалување на емисиите на стаклени гасови договорено во Париз можеби нема да биде доволно за да се постигне целта.

 

Колку за потсетување, претседателот Доналд Трамп целосно ги повлече Соединетите држави од Парискиот договор, бидејќи бил, како што оцени, неправеден за американските работници.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien