Концерт на Елена Дојчинова и Марија Ѓошевска

Во рамки на 7-от ден од Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ во домот на култура „Наум Наумовски Борче“ концерт одржаа Елена Дојчинова на флејта и Марија Ѓошевска на пијано.

 

Елена Дојчинова и Марија Ѓошевска се едни од најголемите професионалци во својата работа, а зад себе имаат многу настапи кои зборуваат за нивното долгогодишно искуство како музичари.

 

На концертот, меѓу другите, присуствуваше и директорот на Македонската филхармонија Виктор Илиески со неговото семејство.

 

Она што преостанува од Манифестацијата е настап на Влатко Стефановски на 9-ти август во градскиот парк со почеток во 21:30 и настап на Биг бенд – Здружение на џез музичари, пред споменикот „Илинден“ на 10-ти август во 21:00 часот.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien