Погба со ултиматум до Јунајтед, бара 110 отсто зголемување на платата

Според пишувањата на „Сан“, Пол Погба и Мино Рајола доставиле ултиматум до лидерите на Манчестер јунајтед и побарале покачување на платата за 200.000 фунти неделно, односно 110% доколку Французинот е приморан да остане на Олд Трафрод.

 

Во последните неколку дена се погласно се говори за можноста Пол Погба да заврши на Камп Ноу. Барселона веќе испрати понуда вредна 50 милиони евра плус услугите на Јери Мина и Андре Гомеш, предлог кој веднаш беше одбиен од страна на „Ѓаволите“.

 

Исто така се шпекулира дека Пол Погба на соиграчите веќе им соопштил дека очајно посакува да замине, а играчот му испратил и смс порака на извршениот потпретседател Ед Вудворд, и побарал да биде продаден на Барселона.

 

Агентот на Погба, Мино Раиола се наоѓа во Манчестер од почетокот на неделата. Наводно Раиола договорил 5-годишна соработка со Барселона и 20 милиони евра по сезона за својот клиент. Сега бара од „црвените ѓаволи“ да ја израмнат понудата на Каталонците или да му дозволат на Погба да се пресели на „Камп Ноу“.

 

Трансфер пазарот во Англија завршува утре, па останува да видиме што ќе се случи со Погба, кој во овој момент е поблиску до останување на „Олд Трафорд“.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien