Приведен Стевчо Јакимовски

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, синоќа половина час пред полноќ, е приведен и се наоѓа во една од полициските станици во Скопје. До крајот на денот се очекува да биде изведен пред судија на претходна постапка.

 

Финансиската полиција вчера влезе во неколку станбени објекти на семејството Јакимовски, барајќи документи за одредени случаи. Засега од таму нема официјални информации.

 

Јакимовски е лишен од слобода и во следните 24 часа тој ќе биде изведен пред истражен судија за наводна злоупотреба на службената положба кога беше градоначалник во Карпош за три тендери. Поранешниот градоначалник во изјава за медиумите рече дека два од трите тендери се за општинската барака и еден е за плоштадот во Жданец, односно тоа што општината не ги активирала банкарските гаранции, иако ангажираната фирма не ги исполнила одредбите од договорот и договорот бил раскинат.

 

Според него, станува збор за техничка грешка на општинските служби, а ова е политичка одмазада против него. Неговиот адвокат пак, Викотр Цветковски тврди дека овој случај е политички атак и хајка против Јакимовски и партијата ГРОМ.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien