ВИДЕО – 17 години непребол – во Прилеп одбележан споменот за 10 загинати бранители кај Карпалак

Во Прилеп денеска беа одбележани 17 години од трагичниот настан кога на 8 август 2001-ва година кај месноста Карпалак од страна на терористите беа убиени 10 мина прилепчани. Бранителите кои учествуваа на овој настан велат иако поминале 17 години голем број од нивните барања не биле исполнети. Порачаа партиите да не ги злоупотребуваат во политички маркетинг како што тоа го правеле досега.

 

„Неколку влади се сменија досега во овој период од 17 години сите ветуваа, а останавме само на тие ветувања, многу работи се неисполнети“, истакна Игор Петрески, претседател на здружение „Карпалак“.

 

„Не сакаме ништо друго туку само да не почитуваат ии да не остават на мира, а не дојди една влада едно, дојди друга влада друго“, рече Благоја Сливоски, учесник на Карпалак.

 

Роднините на загинатите порачаа оваа војна никогаш да не се повтори.

 

„Дали родители, сопруги, сестри, браќа, деца никогаш да не го доживеат ова повторно“, порача Елица Дамческа, сестра на загинатиот бранител Љубе Грујоски.

 

 

Од Општина Прилеп истакнаа дека 10-мината прилепчани ги положија своите животи за иднината на Македонија.

 

„Оваа колективна жртва на Прилеп да биде порака, а воедно и опомена со преговори и со мир и слобода да ги решаваме сите отворени прашања“, изјави Илија Јованоски, градоначалник на Општина Прилеп.

 

 

 

Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа оваа жртва на хероите да била водилка за народот, во овие тешки моменти за Македонија.

 

„Нивниот пример да го следиме во зачувувањето на државата и во носењето на правилните одлуки затоа што тие својот живот го дадоа за единствената Татковина која што ја имаат, а тоа е Република Македонија“, потенциираше Ана Лашкокоска, член на Извршен Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Почит пред споменикот на бранителите денеска оддадоа претставници од семејствата на загинатите, кабинетот на претседателот, армијата, генералштабот, здружениија на граѓани и политички партии.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи