Од утре почнува увидот во Избирачкиот список за референдумот

Facebook
Twitter
Email
Print

Од утре па до 23-ти август граѓаните ќе може да извршат увид во Избирачкиот список за спроведување на референдумот на 30-ти септември.

 

ДИК ги повика граѓаните  да ги проверат податоците во Избирачкиот список, и доколку сметаат дека е потребно, да побараат измена, дополнување или бришење на податоците во него. Проверката на податоците може да го направат преку веб-страницата на ДИК https://izbirackispisok.gov.mk/ и во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК.

 

„Нашите подрачни одделенија и канцеларии ќе работат секој ден од 9 до 19 часот, со цел да им излезат во пресрет на сите граѓани кои сакаат да извршат јавен увид, додека на последниот ден ќе работат до 24 часот. Нашата интернет страница за проверка на Избирачкиот список е активна постојано, така што секој кој што сака да провери може да го стори тоа стартувајќи од утре. Сите граѓани кои сакаат да поднесат барање за запишување во избирачкиот список за бришење на податоци или за измена на податоци, истото можат да го сторат во нашите подрачни одделенија и канцеларии со поднесување на соодветната документација“, изјави портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска.

 

ДИК по барањата и пријавите на граѓаните е должен да одлучи со решение во рок од 48 часа од денот на приемот на барањето. Доколку биде донесено решение со кое се одбива барањето, граѓанинот во рок од 24 часа од приемот на решението може да поднесе тужба до Врховниот суд. Врховниот суд во рок од 24 часа по приемот на тужбата и одлуката веднаш му ја доставува на тужителот по електронски пат.

 

Избирачкиот список што се става на јавен увид е со состојба на податоци на граѓаните кои заклучно со 30-ти септември 2018-та година станале полнолетни.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи