ВИДЕО – Поради тоа што станарите не плаќаат за одржување на зградата 1 месец е заробен на 6-ти кат

Поради тоа што дел од станарите не плаќааат месечно по 300 денари за одржување на зградата и не може да се соберат пари да се поправи расипаниот лифт, инвалидизираното лице, Горјан Свеќанцоски од Прилеп, веќе 1 месец не може да излези надвор од станот кој се наоѓа на 6-ти кат. Вели дека животот му е веќе неподнослив.

 

 

„И јас овде заробен на 6-ти спрат  и неможам ништо да правам, дали до лекар да отидам или до друго место. Многу ми е тешко, немаш коуниикација со никого, тии останува само телефонот. Сум се обратил до сите институции, локалната самоуправа, центарот за социјална работа, ЈП за стамбен и деловен простор и до денеска лифтот не е поправен“, изјавии Горјан Свеќанцоски, лице со инвалидитет.

 

Дел од станарите кои ги собираат парите за одржување на влезот, не сакаа да дадат изјава во камера, но велат дека советот на станари не функционира и дека дел од соседите не сакале да платат за одржување, поради тоа не можело да се плати поправката која чинела 41.000 денари.

 

 

Свеќанцоски во овој стан живее околу 15 месеци. Претходно живееше во т.н. социјални бараки во населбата Варош, каде поради пожар во 2015 година остана без свој дом. За проблемот да биде поголем и сопругата на Свеќанцоски е инвалидизирано лице. Сега тој бара помош од државата ако не се поправи лифтот да му додели друг стан каде може нормално да функционира.

 

„Овој стан ми е доделен од Владата бидејќи јас имав пожар во 2015 година и сега си плаќам кирија. Сега излез е да се иселам. Во краен случај би можело да ми се додели нов стан каде можам да функциониирам, јас овде сум заробен“, кажа Свеќанцоски.

 

Додека станарите или државата не го решат овој проблем моментално за Свеќанцоски само терасата ќе му биде единствената можност за допир со надворешниот свет.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien