Наскоро почнува вградувањето микрочипови кај домашните миленичиња

Наскоро ќе почне вградувањето на микрочипови кај домашните миленичиња (кучиња и мачки), информира директорот на Агенцијата захрана и ветеринарство (АХВ) Зоран Атанасов.

 

„Постапката со набавката на микрочипови е веќе завршена и тие се во магацините на Агенцијата за храна и ветеринарство. Во моментов се склучуваат договорите со ветеринарните друштва што треба да ги аплицираат микрочиповите по што ќе следи нивното распоредување кај сопствениците на домашни миленичиња“, рече Атанасов во одговор на прашање на денешната прес-конференција.

 

Вградувањето на микрочипови кај домашните миленици се спроведува за да се откријат сопствениците на домашниот миленик доколку тој биде напуштен и заловен од шинтерските служби.

 

Последен пат, АХВ во февруари рече дека ќе обезбеди 100.000 микрочипови за обележување на домашните миленици. Потенцираа дека микрочипот ќе ги содржи информациите за сопственикот на животното и состојбата со примените вакцини. Исто така, потсетија дека законска обврска секој сопственик на домашен миленик e да го микрочипира и вакцинира против беснило и ги повика сопствениците тоа да го направат масовно. Сопствениците кои нема да ги микрочипираат своите миленици ќе добијат казна од 100 до 150 евра.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien