АХВ потврди, спорните соини шницли и оризот кои имаат ГМО ќе бидат уништени!

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги доби резултатите од суперанализите на соините трошки и соините шницли, кои, на барање на операторот со храна се вршеа во референтна лабораторија во Европската унија. Истите, како што беше констатирано и со првичната лабораториска анализа, потврдија присуство на ГМО. Увезената соја е по потекло од компанијата „Сојапротеин” од Бечеј, Република Србија, информираа предмалку од АХВ.

 

„Во Македонија, производите соини шницли увезени се од операторот со храна „Виталиа”, а дистрибуирани во прометот преку операторот со храна КАМ ДОО Скопје. Соините шницли и соините трошки во количина од 510 килограми, дел затекнати во магацин, дел повлечени од продажба, се наоѓаат под официјален надзор и деновиве ќе бидат нештетно уништени, исто како и позитивната мостра ориз во количина од 550 килограми, по потекло од Кочанско, произведена од увозен семенски материјал“, соопштија од агенцијата.

 

Од АХВ велат дека За увозниците и за операторот со храна кој извршил промет на ваквите производи во Република Македонија, согласно овој закон ќе им бидат изречени парични казни во висина до 5 илјади евра во денарска противвредност, а казна ќе добијат и одговорните лица во овие компании.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien