Барселона има нов капитен – Лионел Меси!

По заминувањето на Андрес Иниеста, шпанскиот шампион Барселона во новата сезона ќе има нов капитен и тоа во својот најдобар играч Лионел Меси.

 

Сосема очекувано, Меси ја доби капитенската лента по заминувањето на шпанскиот виртуоз од средниот ред, а заменици капитени на Аргентинецот сега ќе бидат Серхио Бускец, Жерар Пике и изненадувањето Серхи Роберто.

 

Квартетот фудбалери кои израснаа во „Ла Масија“ ќе се менуваат по тој редослед, а многумина се изненадени од одлуката Сержи Роберто да биде еден од капитените.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien