Борисов му се закани на Заев: Два пати мисли, па потоа кажи!

И по една недела од одбележувањето на годишнината од Илинденското востание, во Бугарија не стивнуваат реакции по однос на изјавата на премиерот, Зоран Заев, кој во интервју за македонска телевизија рече дека Илинденското востание е македонско. Бугарската јавност е револтирана и  контунирано го напаѓа Заев поради оваа изјава.

 

Работите одат до таму што интелектуалната јавност во Бугарија бара на Македонија да и се испрати протестна нота.

 

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, по речиси една недела одговори на прозивките во својата земја во врска со изјавата на Заев и порача дека македонскиот премиер треба два пати да мисли пред да рече нешто, бидејќи, како што вели тој, доаѓа време кога земјите членки на ЕУ ќе одлучуваат за судбината на Македонија.

 

„Ги оставам сите да ги премеруваат своите приказни, тоа е на негова сметка. Без разлика дали го кажал тоа намерно или ненамерно, се оди на негова сметка, бидејќи кога станува збор за ЕУ и ние мораме исто така да дадеме согласност, а ние  во тие моменти ќе се сетиме на тие работи. Мој совет е да се биде повнимателен“, рече Борисов.

 

Претходно лидерот на социјалистите во Бугарија, Корнелија Нинова, го критикуваше Заев и го повикуваше Борисов да реагира за изјавата.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien