ВМРО-ДПМНЕ : Директорот на прилепски „Комуналец“ е поставен на функцијата без соодветно образование

Наместо конкретен одговор на прес конференција на ОК ВМРО-ДПМНЕ, одржана пред околу 1 месец, кога градоначалникот Јованоски јасно го прашавме зошто и по кои критериуми поставува луѓе на одредени позиции, кои што не ги исполнуваат условите да се на конкретното работно место, наместо одговор добивме само празно соопштение со веќе видена реторика, која СДС ја практикуваше од улога на опозиција во минатото. Истакнаа денеска на прес конференција од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Денес прашуваме, дали директорот на ЈКП Комуналец, Ѕвонко Јованоски, ги исполнува посебните услови за да биде директор на ова јавно комунално претпријатие. Дали истиот има високо образование од 240 кредити и дали го има потребното работно искуство за да биде на чело на ова претпријатие?

 

Нашите информации говорат дека овој човек не исполнува услови да биде директор. Дали и во овој случај градоначалникот Јованоски го прекрши законот и несоодветен кадар стави на чело на јавното претпријатие Комуналец?

 

Прашуваме дали е вистина дека Ѕвонко Јованоски е поставен со образование од 180 кредити? Дали свесно ги прекршиле законите и двајцата, па сега затоа сегашниот директор е студент на еден од приватните факултети во Битола?

 

Во досегашното владеење на СДС се покажа дека освен непотизам и угодување на нивните најблиски симпатизери, активисти и членови немаат што друго да им понудат на прилепчани.

 

Воедно го повикуваме и ОЈО по допред глас да ги истражи овие прашања и доколку утврди непочитување на законите и можна злоупотреба при направениот избор да следува одговорност, како за градоначалникот, така и за сегашниот директор кој е на оваа функција“, рекоа од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien