Еквадор објави вонредна состојба во дел од земјата поради наплив на мигранти од Венецуела

Еквадор објави вонредна состојба во три од нејзините провинции поради приливот на венецуелски мигранти, кои влегуваат во земјата преку северната граница со Колумбија.

 

Во соопштението на Министерството за надворешни работи се посочува дека станува збор за провинциите Карчи, Пичинча и Ел Оро.

 

Имено, се поголем број на мигранти бегаат кон Еквадор и другите јужноамерикански земји поради тешката економска ситуација во нивната земја, каде што во буквална смисла на зборот немаат ниту да купат леб.

 

Министерството информира дека во Еквадор секој ден влегуваат до 4200 венецуелски мигранти.

 

Вонредната состојба ќе трае до крајот на август. Целта е мигрантите да имаат на располагање лекари и социјални работници, кои ќе се грижат за нив.

 

Венецуела веќе подолго време е погодена од хиперинфлациија, а истовремено во државата има „хроничен“ недостаток на одредени производи – прехрамбени и медицински.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien