Клоп во свој стил: Ние сме Роки Балбоа, а Манчестер сити е Иван Драго

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп даде уште една импресивна изјава непосредно пред почетокот на сезоната во Премиер лигата.

 

Германецот ги спореди „црвените“ со легендарниот боксер Роки Балбоа од култниот филмски серијал, откако објави дека неговиот тим ќе се бори напорно за титулата, но останува аутсајдер во битката за првото место.

 

„Моите лични очекувања секогаш се високи, победа на секој натпревар и освојување на трофеи. Ни требаше време да составиме екипа способна да се носи со притисокот што го носи Премиер-лигата и го сторивме тоа, но дали ќе биде доволно дополнително ќе видиме. Ќе ни треба и повеќе среќа од лани, повеќе реализирани шанси на клучните натпревари, поголема агресивност… сите сме свесни дека можеме да поправиме многу работи во однос на ланската сезона. Се говори за нашите засилувања, а Сити го задржа целиот тим, плус го донесе Марез, што значи дека ќе биде посилен. Борбата ќе продолжи, но Ливерпул се уште е Роки Балбоа, а Манчестер сити е Иван Драго“, рече Клоп.

 

Ливерпул потрошија над 170 милиони фунти за играчи, земајќи солидни играчи како Наби Кеита, Фабињо, Џердан Шакири и Алисон. Тимот на Клоп ја почнува кампањата во недела против Вест Хем, кој исто така се засили сериозно, давајќи над 100 милиони фунти за фудбалери, во стремежот да ја подобри 13-тата позиција, на која се најде минатата година.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien