Медведев: Новите драконски санкции на САД ќе значат „економска војна“

Русија остро реагира на новите американски санкции, кои Вашингтон наскоро ќе ги воведе поради наводната вмешаност на Москва во труењето на бившиот руски шпион Сергеј Скрипал во Британија.

 

Руската амбасада во САД соопшти дека новите санкции поради случајот со Скрипал се драконски и оти причините за нивното воведување се измислени, пренесува Ројтерс.
Во реакцијата на руската амбасада се додава дека наодите на Вашингтон не се поткрепени ниту со факти, ниту со докази.

 

Рускиот премиер Дмитриј Медведев изјави дека Москва ќе смета „објава на економска војна“ и оти ќе се „одмазди“ економски, политички или ако е потребно и со други средства, доколку САД наметнат санкции за руските банки или забрана на нивна употреба на одредена валута.

 

„Не сакам да ги коментирам разговорите за други санкции, но можам да кажам една работа: нешто како забрана на работењето на банките или на една или друга валута, ќе биде можно целосно да се нарече објава на економска војна. И би било неопходно на оваа војна да се реагира економски, политички или ако е потребно, со други средства. И нашите американски пријатели треба да го разберат ова, рече Медведев за време на неговата посета на полуостровот Камчатка на рускиот Далечен Исток.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien