Општина Прилеп : Директорот на „Комуналец“ е дипломиран инженер по безбедност при работа со 240 ЕКТС кредити

Општина Прилеп ја известува јавноста дека Звонко Јованоски е дипломиран инженер по безбедност при работа со 240 ЕКТС кредити и согласно со сите критериуми и законските регулативи e вршител на должност директор на ЈКП „Комуналец“-Прилеп. Велат во писмената реакција од Општина Прилеп, која доаѓа по пресот на О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп на тој тие обвинија дека Јованоски нема соодветно образование за функцијата која ја извршува.

 

Реакцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Според тоа, наводите од денешната прес конференција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Прилеп се уште еден обид на партијата, повторно со невистини, шпекулации и спинови да ја дезинформира јавноста, за да ќари дневно-политички поени.

 

Опишаниот начин на работа во денешната прес конференција на Општинскиот комитет е својствен за ВМРО-ДПМНЕ, поради што се поведени и бројни кривични постапки во ОЈО – Прилеп и од СЈО.

 

Градоначалникот Илија Јованоски и новата локална власт работат на откривање на сите сомнителни и незаконски договори и работа на претходната власт од ВМРО-ДПМНЕ.  И така ќе продолжат.

 

Доследна примена на законската регулатива е императив за новата локална власт и градоначалникот Јованоски“, велат од Општина Прилеп.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien