Јованоски : Имам соодветно образование, ВМРО-ДПМНЕ прави конструкции бидејќи им смета мојата успешна работа

Денеска од ОК на ВМРО ДПМНЕ, беа искажани лаги конструкции за моето назначување на се уште в.д. директор. Иако сум именуван за в.д.директор, на прес конференцијата бевме повикани јас и градаоначалникот Илија Јованиски, дека истиот го прекшил законот со моето назначување. Да ве потсетам, јас сум сеуште в.д. директор, избран на јавен оглас. Истакна денеска Звонко Јованоски на прес конференција која доаѓа како реакција на прес конференцијата на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, на која тие го обвинија дека нема соодветно образование за функцијата која ја извршува.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Инаку, Звонко Јованоски е со 240 кредити, со звање дипломиран машински инжењер со специјалност инжењер по заштита и здравје при работа. Ако добро ги погледнете сите документи каде сум потпишан, секаде стои в.д директор.

 

Со вакви лаги и конструкции, со вакви искажани невистини, Вие, почитувани од ВМРО-ДПМНЕ, само сакате да го оцрнете моето име и името на градоначалникот Илија Јованоски, кој изминатиов период покажа големо разбирање за финасиското работење на Коминалец, и огромна почит кон вработените.

 

Најверојатно, повод за денешниот прес, Ви посметало моето работење и подршката од Локалната самоуправа по однос на намалениот долг кон довериотелите и вработените, кој во рок од 6 месеци го намаливме за 15.000.000,оо ден. или за 250.000,оо евра.

 

Се прашувам, како во 12 години не ви посмета претходниот директор Златко Ристески, не поведовте сметкаа како партија со претходниот градоначалник Марјан Ристески, кој оставија долг од над 1 милион евра, за неплатено ДДВ, 25.000,000,оо ден. само кон доверители, и огромни долгови кон вработените, а истите само за 7 години, исплатиле судски и адвокатски трошоци повеќе од половина милион евра.

 

Го повикувате ОЈО, по допрен глас за моето назначување за в.д. директор да поведе истражни дејствија, а не сте ги провериле информациите кои Ви ги сервирале луѓе кои сакаат само да напакостат и го извалкаат моето име и името на актуелниот градоначалник.

 

Јас, како сегашен прв човек на Комуналец, одговорно тврдам, дека, и јас и градоначалникот Јованоски, работиме согласно Закон и согласно важечките прописи во Р. Македонија. Уште еднаш на крајот сакам да ја информирам јавноста дека ќе продолжам совесно, чесно и коректно да ја извршувам доверената задача кон „Комуналец“, а тоа е да се грижам за хигиената во градот, согласно финасиските можности и Програмите за работа, да се грижам за вработените и да создадам претпријатие кое ќе биде респектирано и со позитивно финасиско работење, во кое вработените нема да старвуваат за платите, а следствено на тоа и исплата на додатоците од плата, согласно Закон и Колективен договор.

 

Досегашната моја 6 месечна работа, со огромна поддршка од вработените, за што им сум благодарен, ги даде првите резултати, ќе продолжиме макотрпно да работиме, зашто си дадовме за задача од најзадолжено ЈП, да направиме претријатие кое ќе биде секогаш во услуга на градот и граѓаните.

 

За душегрижниците од ВМРО-ДПМНЕ, и за претходниот директор Златко Рисатески, само би им порачале; „Будно следете не во нашето финасиско управување и во почитувањето на законите, зашто заврши 12 годишното управување зад затворени врати“.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien