ВИДЕО – Прилеп наскоро ќе добие лапидариум

За прв пат во својата историја Прилеп ќе добие лапидариум. Лапидарииумот е изложбен простор на отворено каде ќе бидат поставени мермерни скулптури и други експонати изработени од камен кои во изминативе 60-тина години се пронајдени на археолошките локалитети во прилепско, како што се : Маркови Кули, Варош, Прилепец, Дебреште и секако еден од најзначајните, античкиот град Стибера. Лапидариумот се наоѓа во дворот на Заводот и музеј Прилеп и ќе биде на еден начин надополнување на веќе постоечката археолошка поставка.

 

 

„И се надеваме дека направивме еден пристоен простор кој ќе можат странските туристи, нашите сограѓани, како и учениците да го посетуваат и да го видат нашето културно богатство кое досега воопшто не е на ваков начин изложено“, изјави Благоја Атанасоски, дииректор на Завод и Музеј Прилеп.

 

 

 

 

 

Во Лапидариумот ќе бидат изложении околу 60-тина експонати, дел од нив за прв пат пред јавноста. Претходно овие предмети беа буквално расфрлани низ дворот на музејот. Сега конечно Прилеп ќе добие уште една музејска поставка и уште една туристичка атракција.

 

„Изложени се мермерни склуптури, претстави на божества и видни граѓани, мермерни ари, релјефи, капители од столбови, жртвеници, и други разни архитектонски елементи, а исто така има и надгробни стели каде што се презентирани во релјефи покојникот, неговата фамилија и епиграфски елементи, односно натписи“, истакна Душко Темелкоски, археолог.

 

Средствата за изградба на лапидариумот се обезбедени од Министерството за култура, а тој свечено ќе биде отворен за многу брзо време.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien