СДСМ : Нема противзаконски избор на директор во „Комуналец“, Јованоски е именуван за В.Д. директор, не е избран за директор на јавен оглас

Очајничките обиди на ВМРО-ДПМНЕ да прикаже некаква незаконитост во работата на новата локалната власт во Општина Прилеп, само потврдуваат дека и покрај 12 годишното практикување на власт, ВМРО-ДПМНЕ се уште не ги прочитале законите. Велат во денешната писмена реакција од ОО на СДСМ Прилеп, која доаѓа по прес конференцијата на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп во која тие обвинија дека директорот на прилепски „Комуналец“ потребното образование за функцијата го стекнал пред само 1 месец.

 

Писмената реакција на СДСМ ја пренесуваме во целост.

 

„Звонко Јованоски, во моментот е именуван за вршител на должност директор на ЈКП „Комуналец“, а не е избран за директор на јавен оглас. Именувањето на В.Д. директор и избор на директор на јавен оглас, се две различни работи, коишто не му се јасни на портпаролот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа, јавно изнесените клевети дека во моментот имало противзаконски избор на директор на ЈКП „Комуналец“, ќе треба да ги докажува на суд!

 

ВМРО-ДПМНЕ нема да успее со лаги и клевети да го оцрни успешното работење на ЈКП „Комуналец“ и градоначалникот на Општина Прилеп, Илија Јованоски. Криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, кога екс градоначалникот Марјан Ристески и неговиот братучед и директор на Комуналец, Златко Ристески – Џекчето, го уништуваа Комуналец нема да се врати.

 

Братучедите Ристески, оставија долг на Комуналец од над 1 милион евра! Златко Ристески – Џекчето како избран директор на Комуналец во рок од 7 години исплатил над 500.000 евра за судски и адвокатски трошоци.

 

За разлика од тие криминални времиња, сега претпријатието финансиски се стабилизира и работи успешно. За 6 месеци со домаќинска работа на Звонко Јованоски, долгот е намален за 250.000 евра, а на вработените им се исплаќаат сите надоместоци што им следувале.

 

И да, законите денес важат за сите подеднакво. Секој што крадел од парите на граѓаните ќе одговара. ВМРО-ДПМНЕ тоа најдобро го знае!“, велат од ОО на СДСМ Прилеп.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи