Биг Сем: Поглупава игра од Арсенал не сум видел!

Англискиот стратег и екс селектор на Англија, Биг Сем (Алардајс), ја критикуваше играта и стилот на новиот тренер на „топчиите“, Унаи Емери.

 

Арсенал вчера загуби во дербито против Манчестер Сити со 2:0, а тоа изгледаше прилично лабаво, што наиде на големи критики кај стручнаците од оваа област.

 

„За се е виновен менаџерот. Не треба да барате од вашите играчи да играат со овој стил против ваков Манчестер Сити. Граѓаните константно напаѓаат. Не може против нив да чекате грешка. Не треба да барате изговор дека тоа е единствен начин да се игра против нив. Стретегијата им е прилично глупа, бидеки тие во напад тргнуваат од последната линија, односно централниот дефанзивец одлучува за акцијата, тоа не може така“, истакна Биг Сем.

 

После дуелот против Манчестер Сити, Унаи Емери и Арсенал ги очекува уште еден тежок натпревар идното коло – следниот викенд на „Стемфорд Бриџ“ ќе ги одмерат силите против лондонскиот ривал Челзи.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien