Заев: Договор куќа гради – од земја скарана со сите, станавме пријателска држава

По повод одбележувањето на 17 години од Рамковниот договор, премиерот Зоран Заев имаше свое обраќање, при што се осврна само на референдумот велејќи дека тој ќе донесе благосостојба во Македонија. Заев рече дека Македонија им покажала на сите оти грешат кога велат дека Грција е непријател на нашата земја. Тој уште еднаш ги потенцираше придобивките од Договорот со Грција.

 

„Грбот, јазикот, знамето и химната, остануваат исти. Идентитетот ни го негираа, сега е прифатен. Со членството во ЕУ и НАТО ни се гарантира стабилноста“, рече Заев.

 

За една година Македонија од земја скарана со сите, стана пријателска држава, вели Заев, според кого, по доаѓањето на новата власт се унапредиле меѓусоседските односи.

 

„Се потврди старата поговорка ‘Договор куќа гради’“, додаде Заев.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien