ПК „Мамути“ учествуваше на 7-миот по ред меморијален планинарски марш „Бранители“

Викендов ПК „Мамути“ учествуваше на 7-миот по ред меморијален планинарски марш „Бранители“ 2018 година, организиран од Полицискиот спортски планинарски клуб „7-ми Мај“ од Битола.

 

Маршот се изведе од Битола – превој Ѓавато (Дервен) – пл.врв Вртешка (ман.Св.Спас) – ман.Св.Ана, с.Маловиште – Битола. Патеката е рангирана како средно-тешка, во должина од 18 км, се совладува надморска висина од околу 1.000 метри, добро проодна, маркирана, на патеката има четири места за надополнување на резервите од вода, изобилува со биодиверзитет, а од врвот Вртeшка, 2.010 мнв, се нуди прекрасна гледка на преспанската котлина со езерото, како и околните планински масиви, а исто така и поглед кон пелагониската котлина и езерото Стрежево.

 

„На маршот учествуваа околу 150 учесници од сите возрасти. Претежно планинарите беа од Битола. Но имаше од другите градови.Речиси 80% од патеката се движевме низ шума, во сенка, што е погодно за летно движење низ планина. Ги посетивме манастирите Свети Спас и Света Ана и беше искаќен врвот Вртешка во висина од 2.010 мнв. од каде иима прекрасен поглед на преспанското езеро и островот Голем Град. По патеката бевме почестени и со диви јаготки и малини“, велат од ПК „Мамути“.

 

ПК „Мамути“ за прв пат учествуваше на овој марш, но велат дека поради прекрасната патека повторно ќе го посетеле овој предел. За наредниот период имале планирано неколку искачувања во Македонија и странство.

 

„За наредниот период се планирани неколку искачувања во Бугарија, помеѓу кои и искачување на највисокиот врв на Балканот – Мусала. Наредниот викенд по покана од организаторите на 4-тииот по ред аутдор фестивал „Крушево низ корија“, ПК „Мамути“ ќе ја предводи планинарската тура која е со должина од 14 км. и исто така ќе се движиме низ шума, во сенка, патека која е погодна за сите почетници и вљубеници во природата“, додаваат од ПК „Мамути“.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien