Јадранското море секоја година сѐ потопло

Просечната температура на водата во Јадранско Море секоја година бележи раст за 0,9 степени Целзиусови, соопшти Институтот за поморска биологија во Котор.

 

Порастот на темературата влијае на развој на инванзивните растителни и животински видови.

 

„Тоа пред се влијае врз рибите, раковите и другите морски организми, кои во најголем дел негативно влијаат врз морскиот екосистем, а еден од пресудните фактори е зголемување на температурата на морската вода“, се наведува во соопштението од Институтот.

 

Исто така, се посочува дека отпорните животински видови ги потиснуваат домицилните.

 

„Тоа предизвикува одредена штета, пред се се намалува риболовот, бидејќи тие видови го заземаат просторот на домашните видови“, истакнува Институтот за поморска биологија.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien