Идрис Елба „случајно“ потврди дека тој ќе биде новиот Џејмс Бонд?

Британскиот актер Идрис Елба, кој во моментов е еден од најбараните во Холивуд, наводно, на Твитер “случајно” потврдил дека токму тој може да биде новиот Џејмс Бонд, а со тоа и да го наследи Даниел Крег.

 

Како што објави “Индипендент”, Елба напишал на Твитер „Моето име е Елба, Идрис Елба“, и на тој начин и буквално ги залудел фановите, алудирајќи на познатата реченицата на тајниот агент 007 “Моето име е Бонд, Џејмс Бонд”.

 

За дваесет минути твитот беше споделен повеќе од 20.000 пати, коментарите се илјадници. За фановите, ова беше јасен знак дека Елба од наредната година, од 26. филм, ќе ја преземе улогата од Даниел Крег. Првите најави дека ова би можело да се случи се појавија уште во 2014 година, што Елба никогаш не го демантираше.

 

„Мислам дека сум малку стар за оваа улога, но кога ме поврзуваат со улогата на Бонд, се чувствувам како национално богатство“, кажа своевремено 45-годишниот Елба.

 

Покрај тоа, како што се пренесува, овој негов твит доаѓа неколку дена откако продуцентот на франшизата на Бонд, Барбара Броколи објави дека вратата е отворена за актер кој не е белец да го глуми големиот Џејмс Бонд.

 

Таа додаде дека Идрис би можел да го стори тоа, откако би се довел малку во форма, бидејќи новиот Бонд имал многу силно – физичко присуство.

 

Сегашниот Џејмс Бонд – Даниел Крег потврди дека ќе се врати на екранот како агентот 007 барем уште еднаш, пред да ја „предаде штафетата“.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи