Македонија и Бугарија со посебна програма ќе ја зајакнуваат културната соработка

Бугарската Влада одобри нацрт Програма за соработка во областа на културата меѓу Министерството за култура на Република Бугарија и Министерството за култура на Република Македонија за периодот 2018-2021 година, соопшти бугарската владина прес-служба.

 

Културната соработка меѓу двете веќе е регулирана со Спогодбата меѓу владите на двете земји, потпишана во Скопје на 15 мај 2000 година, како и во духот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Бугарија и Република Македонија од 14 февруари 2018 година.

 

Нацрт-програмата ги зема предвид заемните интереси на двете земји и ги содржи сите неопходни текстови за развој на односите меѓу Бугарија и Македонија во областа на културата.

 

Предложената нацрт-програма ги регулира можностите за соработка во областа на театарот, литературата, уметноста, преводот и објавувањето творби на писатели од другата земја, организирање изложби и музички фестивали, кино, музика, танц, заштита на авторски права.

 

Се прецизираат и ангажманите на двете земји за зачувување на културното наследство и соработката за спречување на незаконска трговија со културните вредности.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien