МЕПСО: П.К. ќе работи како хигиеничарка за плата од 19.200 денари

МЕПСО денеска соопшти дека склучило договор за работен однос со лицето П.К., кое е вработено на работно место хигиеничарка, со плата од 19.200 денари, работниот однос е заснован согласно со огласот за вработување објавен на 16 јули.

 

„Со ова ги отфрламе како невистинити паушалните наводи објавени во јавноста дека фризерка е вработена во МЕПСО за плата од 43.900 денари кои штетат на објективното новинарство“, се наведува во реакцијата од МЕПСО.

 

МЕПСО реагираше по написи на некои портали дека вработената порано била фризерка и дека е вработена како блиска пријателка на висок функционер на СДСМ, на место со плата од над 45.000 денари.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien