Расте бројот на загинати во Џенова, се бараат виновниците за уривањето на мостот

Бројот на загинати во уривањето на надвозникот во Џенова се искачи на 42, а потрагата по жртви се уште трае, изјави денес главниот градски обвинител. Министерот за внатрешни работи, Матео Салвини изјави дека меѓу жртвите се три деца на возраст од 8, 12 и 13 години.

 

Огромна кула и делови од мостот во должина од околу 200 метри се срушија во вторникот за време на невреме, а очевидци велат дека се урнал по удар на гром. Околу 30 до 35 автомобили и три камиони паднале од височина на 45 метри кога Понте Моранди, кој локалните жители го нарекле Бруклински мост се срушил, а дел од нив се уште се наоѓаат под урнатините.

 

 

Причината за катастрофата не е позната, но се поставуваат прашања за безбедноста на мостот кој е изграден во 60-тите години од минатиот век, а реконструиран во 2016 година.

 

Министерот за инфраструктура и транспорт Данило Тонинели за несреќата ја обвини приватната компанија за автопати Аутостраде пер Италија и ја повика нејзината управа веднаш да поднесе оставка.

 

„Ваков мост не се урива ни од невреме, ни од молњи, мора да ги пронајдеме виновниците“, изјави заменик министерот за сообраќај Едоардо Рикси.

 

Аутостраде пер Италија во вторникот објави дека надвозникот Моранди, изграден во 1960-тите година, бил под постојан надзор и дека во тек биле работи за зајакнување на неговите темели.

 

Министерот за внатрешни работи, Матео Салдини, рече дека секој кој ќе биде прогласен за виновен за оваа катастрофа ќе  биде казнет, а премиерот Џузепе Конте рече дека не смее да се дозволи повторно да се случи уште една трагедија како оваа.

 

Мостот, кој Италијанците уште го нарекуваат и Понте Моранди (мостот Моранди) спрема италијанскиот инженер Рикардо Моранди кој го проектирал, се градел од 1963 до 1967 година. Долг е 1.102 метри, го потпираат три столба од армиран бетон со висина од 90 метри. За сообраќај е отворен во 1967 година.  Надвозникот е oбновен во 2016-та година и поминува над трговски центри , фабрика, станбени згради, пругата Џенова-Милан и река.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien