Фернандо Алонсо става крај на својата Ф1 кариера на крајот од сезоната

Facebook
Twitter
Email
Print

Шпанскиот возач во Формула 1 и поранешен двоен светски шампион, 37-годишниот Фернандо Алонсо, објави дека ова е последна сезона во неговата кариера.

 

„По 17 прекрасни години во овој прекрасен спорт време е за промена. Уште пред неколку месеци цврсто бев решен да го направам тоа. Пред мене се уште неколку трки од оваа сезона, а во нив ќе настапам со посветеност и со повеќе страст од било кога“, вели Алонсо.

 

Сегашниот возач на Мекларенn својата кариера ја започна со Австралиското ГП во 2001 година во екипата на Минарди, а светски шампион стана во 2005 година како возач на Рено. Една година подоцна тој одбрани титулата.

 

Алонсо во Формула1 има 32 победи, а на подиумот се искачил 97 пати. Последен пат помеѓу најбрзите тројца возачи беше во 2014 година, кога како возач на Ферари го освои второто место на трката за Големата награда на Унгарија. Една година подоцна Алонсо се пресели во Мекларен со кого никогаш не беше подобар од петото место.

 

Оваа сезона во досегашните 12 настапи поени освои на 8 трки, а двапати не успеа да ја заврши трката. Најдобриот резултат оваа година за него беше петото место на отворањето на сезоната во Мелбурн. Со 44 поени, во моментов е на деветтото место во генералниот пласман, а до крајот на сезоната има уште десет трки.

 

Освен двете светски титули во 2005 и 2006 година, Алонсо уште трипати досега сезоната ја завршувал како вицешамион, а еднаш како трет.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи