Lamborghini Huracan Perfomante Vs. MIG-29K

Претставници на Воено-поморските сили на Индија организираа трка меѓу борбен MIG-29K и супер моделот Lamborghini Hurcan Performante.

 

Трката е дел од филм што ќе биде прикажан во текот на кампањата за промоција на поморската служба, приреден од морнарицата на Индија во декември. Се одржа на пистата на Меѓународниот аеродром Дахибул во Гоа.

 

Супер изведбата со погон на четири тркала Lamborghini Huracan Performante е опремена со 5.2-литарски атмосферски V10 мотор, чија моќност е 640 КС и 600 Nm. Единицата е комбинирана со 7-брзински роботски LDF менувач кој овозможува забрзување од 0 до 100 km/h за 2,9 секунди и макслимална брзина од 335 km/h.

 

MIG-29K, кој e развиен за полетување и слетување од авионски носачи, се потпира на реактивен турбински мотор RD-33MK Sea Oss со зголемен момент. Максималната брзина која авионот може да ја постигне на земја изнесува од 1.400 km/h, а во воздух и до 2.200 km/h.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien