Концерт на етно составот МОНИСТРА вечерва во Прилеп

Вечерва со почеток во 20.30 часот во големата сала на Домот за култура „Марко Цепенков“ целовечерен концерт ќе одржи етно составот МОНИСТРА. Концертот е со поддршка на Министерството за култура.

 

Целта на етно составот „Монистра“ е изучување, негување, чување и презентирање на најубавиот дел од културното наследство на Македонија, а тоа секако е македoнската изворна музика. Почетоците датираат уште од 1992 година кога членовите на составот стануваат дел од КУД„Цветан Димов“ од Скопје. Сите се музички образовани, а нaстапувале и на Фестивалот на изворни инструменти н песни „Пеце Атанасовски“.

 

На концертот во Прилеп, етно составот „Монистра“ ќе исполни изворни народни песни, ќе отсвири виртуозни ора и ќе го претстави својот специфичен музички израз, кој  досега го промовирале на бројни музички манифестации и фестивали низ Македонија и во странство.

 

Етно составот го сочинуваат:

 

Александар Јовевски – кавал, тамбура, гајда, Габриела Јанушеска – вокал, Филип Николовски – тамбура, Јован Стрезовски – тамбура, Дарко Ничевски – клавијатури, Марјан Андоновски, Дамјан Зифовски – ударни.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien