ВИДЕО – За околу 6 години Прилеп ќе добие комплетна примарна гасоводна мрежа долга 20 км.

Од Општина Прилеп велат дека за околу 6 години се очекува градот да добие примарна гасоводна мрежа. Изградбата на трасата на гасоводот Неготино – Прилеп – Битола моментално била стигната до преминот Плетвар. За околу 2 години се очекувало таа да поминува покрај Прилеп, а потоа да се започне со изградба на примарна гасоводна мрежа долга 20 км. инвестиција која според првичните проценки би чинела околу 4 милиони евра. Бенефитот први би го почувствувале јавните институции и бизнис секторот, а потоа домаќинствата.

 

 

„Јавниот сектор, државниот и општинскиот, заедно со бизнис секторот, односно индустријата и стопанството ќе бидат првите корисници на гасот, на гасоводот кој ќе се гради. Како ќе оди изградбата на дистрибутивната мрежа низ градот, тие имаат можности веднаш да бидат приклучувани, со оглед на тоа што системот на градење е таков да секоја фаза, секој метар изграден ќе биде пуштен во корист. Останатите субјекти на гасификацијата, на природниот гас што би одел низ мрежата, ќе се приклучуваат понатаму секој како што има можност. Овој сектор е интересен и поради тоа што оштината е надлежна да обезбеди услови за снабдување со природен гас. Значи општината во следниот период ќе мора да изнајде начини и можности за промена на енергенсот, односно сега најголеми корисници од овој сектор се со екстра лесно масло, односно нафта. Гасификацијата сами можете да видите дека главниот транспортен гасовод веќе поминува под Плетвар, кон градот. Ќе поминува под планината Селечка, односно веднаш над самиот град. Ќе го прати од прилика обиколниот пат и од едно мерно регулационо место ќе се врши приклучувањето на градот. Досега во првата фаза, во изработката на техничката документација предвидено е да се изградат во примарната градска мрежа околу 20 километри, што и не е така малку, во вредност од околу 4 милиони евра. Изградбата би била сукцесивно во период од 4 години, но како што реков за искористувањето, како што поминува гасоводот веднаш корисниците можат да се приклучуваат“, истакна Кирил Настески, надворешен соработник на Општина Прилеп за гасификацијата.

 

Според Настески Општината ќе ја финансиирала изиградбата на примарната мрежа долга 20 километри која првично би чинела 4 милиони евра. Тоа бис е направило преку земање на кредити.

„Овој гасовод ќе оди до Битола и таму завршува. До Прилеп се очекува дека ќе стаса за една ипол година, но меѓутоа треба да се знае дека сега фазата за изработка на проекти веќе се припрема тендерска документација. Изработката на проектна документација ќе трае доста долго време, односно околу 7 месеци, бидејќи се работи за специфични проекти. Додека тоа време поминува, општината се подготвува да ги сработи проектите. Домаќинставата кои гравитираат на ова мрежа од 20 километри може да имаат веднаш. Понатаму ќе се прават посебни други проекти, за целата територија на градот, за да може секое домаќинство да се приклучува. Прашањето е сега колкав ќе биде интересот на домаќинствата во однос на другите енергенси кои ги користат и ние ќе пласираме определени информации за тоа колкави би биле трошоците за приклучување, колку е предноста на природниот гас во споредба со другите енергенси, односно дрва, нафта, струја и се надеваме дека интересот полека и кај домаќинствата ќе расте. Како ќе се управува со системот е една интересна работа, има две варијанти. Едната варијанта е по системот на јавно-приватно партнерство, меѓутоа досега искуствата покажуваат во Македонија дека не вродува со плод, има многу проблеми. Втора варијанта е да се формира посебно јавно претпријатие, општинско, кое што ќе ја врши сета работа и ќе ги преземе работите и од сегашната фаза околу техничката документација и понатаму нив ќе им се приклучат органите за енергетска ефикасност и практично тоа би било јавно претпријатие од многу голема корист, за да се решаваат прашањата тука“, додаде Настески.

 

Моментално еден приклучок за домаќинство чинел околу 500 евра. Се размислувало во идинина дел од таа сума да биде субвенционирана. Инаку сите јавни фирми од Прилеп со нетрпение очекуваат градот конечно да добие гасоводот.

 

„Гасификацијата е еден од најважните проекти, кои што треба да донесат благодет и во образованието, во образовните институции, гледано и од комерцијален и од еколошки аспект, затоа што во овој период речиси сите училишта се со застарени системи за загревање, кои трошат големо количество на нафта, а и еколошкиот аспект не е на она ниво кое што е потребно. Затоа во најскоро време, према она што слушаме од одговорните за овој проект, дека во наредните две години ќе дојде до поврзување на поголемите јавни институции, се надеваме дека меѓу првите ќе бидат и училиштата. Посебно јас како директор на гимназијата сме заинтересирани што побрзо да се приклучиме на таа гасоводна мрежа“, рече Диме Настески, директор на гимназија „Миирче Ацев“ – Прилеп.

 

„Бенефитот би бил во две точки. Првата точка е еколошки, бидејќи сега за затоплувањето на болницата користиме мазут, за кој знаете дека при согорувањето ослободува повеќе штетни материи кои одат во атмосферата. Тоа е едната страна на медалот, а другата страна е дека гасот е поефтин од мазутот и со тоа и болницата значителни средства ќе заштеди со примената на гасот во затоплувањето. Ова е прва средба, немаме направено пресметки околу тоа колку би била заштедата, меѓутоа може да се направи соодветна пресметка за идниот период, према количините на мазут кои ги трошиме на годишно ниво и према енергетската ефикасност на гасот, може да се направат пресметки колку на годишно ниво би била потрошувачката на литри или метри кубни гас, за да се спореди колку би била заштедата во потрошувачката за затоплување на болницата“, кажа Драган Богоески, директор на општа болница Прилеп.

 

Гасоводната траса Неготино-Прилеп-Битола е со должина од 92. км, а нејзиината изградба првично требаше да чини околу 36 милиони евра.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи