Двајца странски параглајдеристи загинаа кај Крушево

Двајца параглајдеристи, еден од Украина и еден од Велика Британија, загинаа денеска во близина на Мечкин Камен информира Наталија Спирова началник на оделение за односи со јавност при МВР.

 

Трагичниот настан се случил денеска околу 12:40 часот, кога двајцата параглајдеристи паднале кај Мечкин Камен. Едниот загинал на самото место, а вториот со тешки повреди беше префлен во Прилепската болница, каде што починал после неколку часови.

 

Од МВР засега не соопштуваат други детали за настанот, а увид на лице место извршил и јавен обвинител.

 

Повеќе детали околу оваа несреќа се очекуваат утре.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien