Кривична пријава за прилепчанец осомничен за продажба на дрога

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против И.К. (46) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции, и прекурсори“.

 

На 27.03.2018 година полициски службеници извршиле претрес во домот и други простории на пријавениот во Прилеп при што биле пронајдени и одземени осум шишиња по 10 мл Метадон, 1,61 грама марихуана и дигитална вага со остатоци од Cannabis.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien