OJO Прилеп ја истражува несреќата со двајцата загинати параглајдеристи во Крушево

Јавното обвинителство од Прилеп нареди да се изврши обдукција врз телата на двајцата параглајдеристи кои вчера загинаа во близина на полетувалиштето Мечкин Камен кај Крушево.

 

„Во насока на расветлување на настанот издадена е и наредба за обезбедување на траги и докази, наредба за симнување на видео запис и наредби за исчитување на податоците од лајф-трекер системите на параглајдерите“, велат од OJO Прилеп  .

 

Според МВР несреќата се случила вчера околу 12.30 минути кога дошло до судир во воздухот помеѓу двајца параглајдеристи, 56 годишниот И.В. од Украина и 54 годишниот И.М. од Велика Британија, при што украинскиот параглајдерист починал на лице место, а британскиот параглајдерист со тешки телесни повреди е пренесен во општата болница во Прилеп каде починал неколку часа по хоспитализирањето и обидите за негова реанимација.

 

Ниту МВР, ниту Јавното обвинителство од Прилеп засега не откриваат повеќе детали околу овој случај.

 

Инаку во моментов во Крушево се одржува британското првенство „British Open 2018“ на кое биле пријавени над 130 учесници. Но исто така во Крушево има и голем број слободни летачи, така што според Општина Крушево бројката на параглајдеристи во највисокиот град на Балканот во моментов била околу 500.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien