Втор меѓународен „ФИС ролер ски куп Тоше Проески“

Од 24-ти до 26-ти август ќе се одржи вториот по ред ФИС Ролер ски куп „Тоше Проески“, со две трки на регионалниот пат Кривогаштани-Крушево.

 

Настанот започнува со официјален тренинг во петок во 15 часот, а трките се закажани за сабота и недела во 9 часот. Во сабота стартуваат трките со поединечен старт на 12км мажи и 6км жени во слободен стил, додека во недела се трките на 10км мажи и 5км жени исто така во слободен стил.

 

Купот официјално ќе биде отворен од претседателот на организациониот борд Васил Сокле, градоначалникот на Општина Крушево Томе Христоски, директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски и Министерот за внатрешни работи на РМ Оливер Спасовски.

 

Овој куп е од меѓународен карактер со учесници од Австрија, Хрватска, Грција, Словенија, Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Турција, Романија и др.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien