Ердоган: Кризата е резултат на напад врз турската економија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека кризата околу турската валута е резултат на „напад“ врз економијата на неговата земја.

 

Ердоган, обраќајќи ѝ се на нацијата по повод муслиманскиот празник Курбан бајрам и почетокот на четиридневниот празник во Турција, рече дека целта на актуелната криза на лирата е „Турција и нејзиниот народ да паднат на колена”. Тој истакна дека Турција има сила и способност да ја надмине оваа криза.

 

„Нападот врз нашата економија не се разликува од нападот на повикот за молитва и нашето знаме. Целта е иста. Целта е Турција и турскиот народ да се донесат на колена, да се заробат“, нагласи Ердоган.

 

Турската лира изгуби 40 отсто од вредноста во однос на американскиот долар од почетокот на годината. Кризата со труската лира во последните недели влијаела и на вредноста на валутите на други земји во развој.

 

Спорот помеѓу Анкара и Вашингтон изби поради притворањето на американскиот свештеник Ендру Бренсон во Турција, каде што ќе му се суди за тероризам, како и заложбата на  Турција да купи руски ракетни системи С-400.

 

Во време на лошите односи меѓу Анкара и Вашингтон, денес врз американската амбасада во турскиот главен град се испукани неколку истрели од забрзан автомобил, без жртви.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien