Најголемата грутка град регистрирана досега во Европа паднала во Германија

Најголемиот град што некогаш паднал во Европа, е регистриран во Германија, и тоа со големина на зрното од 25 сантиметри, соопшти Технолошкиот институт во Карлсруе, Германија.

 

На второ место е Италија каде што е регистрирано зрно со дијаметар од 17 сантиметри, третото место го делат Франција и Велика Британија со големина на зрно-град од 15 сантиметри, а пак Македонија може да се пофали со „државен рекорд“ од шест сантиметри.

 

Најголемото зрно град на континентов е регистриран на 10 август 1925 година близу Хамбург, северна Германија. Леденото парче било во облик на неправилен сфероид со димензии 25х14х12 сантиметри.

Најмногу денови со врнежи на град во текот на една година, се забележани во Полска – 111 дена. Следат Чешка со 94 и Германија со 90 денови.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien