Повторно обединување на разделени корејски семејства по 70 години

Четиринаесет автобуси со повозрасни јужнокорејци влегоа во Северна Кореја денеска за да се сретнат со нивните роднини, за прв пат откако беа одвоени пред скоро 70 години.

 

Околу 180 семејства, по тригодишниот прекин поради севернокорејската нуклеарна програма, повторно привремено ќе бидат обединети. Обединувањето ќе се одржи на севернокорејскиот туристички планински центар Кумганг, по постигнатиот договор меѓу севернокорејскиот лидер, Ким Џон-ун, и јужнокорејскиот претседател, Мун Џае-ин, за време на нивниот прв самит во април годинава, пренесе „Ројтерс“.

 

Тридневната средба е дел од напорите на двете земји за намалување на тензиите. Семејствата беа поделени за време на Корејската војна од 1950 до 1953 година, која технички трае и денес, бидејќи не е потпишан мировен договор.

 

Од 57 000 преживеани во Корејската војна, повеќе од 40 проценти се во своите 80-ти години, а повеќе од 20 отсто се во 90-тите, покажуваат податоците на јужнокорејската влада. Најстариот Јужнокореец кој учествува во најновото спојување има 101 година.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien