Ултрасите на Лацио бараат забрана за жени на Северна трибина: Тоа е свето место

Најжестоките фанови на Лацио излегоа со контроверзна изјава во која велат дека е забрането присуство на жени во првите десет реда од Северната трибина, која што ја сметаат за своја.

„Нашата трибина претставува свето место за нас. Постојат непишани правила кои треба да се почитуваат. Првите неколку реда секогаш се доживувале како ровови. Во рововите не дозволуваме жени, сопруги и девојки, тие можат да бида присутни над десеттиот ред. Сите кои го одбрален стадионот како алтернатива за романтична прошетка можат да одат на другите трибини на Олимпико“, велат фановите на Лацио.

Памфлетот е потпишан со „Direttivo Diabolik Pluto“, еден од водачите на група ултрас навивачи на Лацио, позната како Irreducibili.

Роберто Фабричини од Фудбалската федерација на Италија ги оцени како глупави ваквите ставови на ултрас фановите на Лацио.
„Тоа беше како лоша летна шега. Кога зборуваме за стадионот мораме да работиме на тоа да ги вратиме фамилиите на трибините, гетонизацијата од група луѓе ми изгледа глупаво мене“, вели Роберто Фабричини.

Ултрасите на Лацио се злогласени поради нивното насилство, расизам и антисемитизам. Минатата сезона клубот беше казнет откако навивачите покажаа антисемитски пораки и слика со Ана Франк, жртва на Холокаустот, во дрес на Рома.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien