Виси тренерското место на Мурињо во Јунајтед

Facebook
Twitter
Email
Print

Жозе Мурињо не може да се пофали со добра игра на почетокот на Премиерлигата, откако тешко победи против Лестер со 2-1, но потоа загуби со 3-2 од Брајтон. А со оглед на тоа дека следува Тотенхем, не изгледа многу оптимистичен крајот на овој месец за поранешниот тренер на Челзи, Реал, Интер и Порто.

 

Незадоволството е големо и кај неговите играчи, но и кај навивачите, поради што англиските медиуми пишуваат дека Мурињо сега е еден од најголемите фаворити прв да ја загуби работата во Премиерлигата, а како негова замена се споменува поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан.

 

Французинот кој со Реал ја освои Лигата на шампиони трипати моментално е без ангажман и е слободен агент, па поради тоа е и најголем фаворит за тренерската позиција кај „црвените ѓаволи“, барем според обложувалниците.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи