Милнер постави рекорд во Премиер лигата

Капитенот на Ливерпул, Џејмс Милнер, постигна уникатен рекорд во Премиер лигата, кога неговиот тим победи со 2-0 против Кристал Палас.

 

Англичанецот стана прв во историјата на Премиер лигата кој реализирал осум последователни пенали. Генерално, 32-годишниот играч од средниот ред има скор 9 од 10 од неговите удари од белата точка за Ливерпул во Премиер лигата.

 

Уште еден интересен податок поврзан со Милнер е и фактот што неговиот тим никогаш не загубил кога тој ќе постигне гол. Од 2002. година кога заигра во првиот тим на Лидс, па потоа Њукасл, Астон вила, Манчестер сити и Ливерпул, Џејмс Милнер постигна 49 погодоци, а стрелаше прецизно во 48 натпревари и ниту еднаш неговата екипа не била поразена.

 


 

Тоа е најдолга серија со која може еден играч да се пофали во историјата на англиската Премиерлига.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien