На Германија ѝ се заканува најтопло и најсушно лето досега

Германците се соочуваат со најтоплиот и најсушен период во последните 100 години. Така покажуваат метеоролошките податоци, што во земјата се следат уште од 1881 година.

 

„Летните услови се забележани низ цела Германија од април, а експертите ќе видат до крајот на август дали овие услови достигнаа рекордни нивоа“, рече портпаролката на германската метеоролошка агенција.

 

Долготрајната суша ширум Германија, благодарејќи на недостигопт на врнежи, ги загрижи земјоделците ширум земјата, па многумина се жалат на неуспешна сеидба и пријавуваат штети од милијарди евра.

 

Сепак, поради пониските температури што се очекуваат кон крајот на месецот, нема да се урне рекордот на т.н. „Лето на столетието” од 2003 година, напоменуваат од агенцијата.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien